петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 64
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски во Штип

home Вести

Естонски министер возел брзо во пијана состојба, си поднесе оставка

Естонски министер возел брзо во пијана состојба, си поднесе оставка

Естонскиот министер за држана администрација Јак Ааб денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше фатен од полицијата како под дејство на алкохол вози со поголема брзина од дозволената.

– Жалам за тоа што се случи. Се преценив и нема да се правдам. Таквото однесување е недопустливо. Ја научив лекцијата, изјави Ааб на денешната прес-конференција на која ја објави својата оставка.

Полицијата го запрела Ааб на 11 март, кога со својот автомобил се враќал од градот Тарту кон Талин, затоа што возел со поголема брзина од дозволената.

Според Ааб, тој возел со брзина од 73 километри на час, на делница од патот каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

При контролата е утврдено и дека Аад имал 0,28 промили алкохол во крвта.

Коронавирус