среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 35
home Вести

Естонија и понатаму без премиер

Естонија и понатаму без премиер

Парламентот на Естонија денеска гласаше против предлогот лидерката на Реформската партија Каје Калас да биде премиерка, така што преседателката Керсти Каљулаид сега ќе му понуди мандат на лидерот на партијата Центар, Јуриј Ратас.

Калас доби 45 гласови, но за формирање на влада потребни се 51 глас.

Реформската партија доби најмногу гласови на општите избори на 3 март, но поранешниот премиер Ратас го блокира преземањето на власт од страна на Калас, формирајќи коалиција со конзервативната партија Татковина и ултрадесничарската ЕКРЕ група, кои заедно имаат мнозинство во Парламентот.

Претседателката на Естонија, Каљулаид треба да предложи нов мандатар во рок од седум дена.