петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Еруптира вулканот од кој се плаши цел свет: Неговата ерупција има убиено 36.000 луѓе!

Еруптира вулканот од кој се плаши цел свет: Неговата ерупција има убиено 36.000 луѓе!

Вулкан на остров во теснецот Сунда во Индонезија утринава еруптира 49 пати, а локалните властите воведоа безбедносна зона на околу два километри околу него.

Вулканот Анак Кракатау исфрла пепел и вжарени карпи од полноќ. И покрај ерупцијата, летовите и превозот се уште не се нарушени.

Анак Кракатау, чие име во превод значи „детето на Кракатау”, е вулкански остров кој се создаде по ерупцијата во 1883 година на вулканот Кракатау.

Таа ерупција беше една од најсмртоносните во модерната историја. Таа предизвика цунами и уби околу 36.000 луѓе. (МИА)

Коронавирус