сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ерупција на вулканот Агунг

Ерупција на вулканот Агунг

Вулканот Агунг на индонезискиот туристички остров Бали утрово еруптира, исфрлајќи пепел во висина од два километра.

Се уште нема податоци за евентуални човечки жртви, но и понатаму останува во сила предупредувањето од трет степен од можните четири.

Индонезиските власти издадоа соопштение со предупредување да се почитува зоната на безбедност во радиус од четири километри.

И други два вулкана на островот Јава продолжуваат да еруптираат. Во сила е состојба на зголемена готовност поради вулканот Бром во источниот дел на Јава и Мерапи во Јогијарта.

-Оваа е нормална ситуација и јавноста не треба да чувствува паника, се додека е вон опасната зона. Немојте да се обидувате да се доближите до кратерот за да ја снимите вулканските активности, предупреди портпаролот на националната Агенција за помош при катастрофи Ситопо Нугрохо.

Последната голема ерупција на Агунг беше 1963 година, кога загинаа повеќе од илјада луѓе и беа уништени неколку села.

Коронавирус