недела, 5. април 2020. Вести денес: 103
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ерупција на најголемиот вулкан Попокатепетел

Ерупција на најголемиот вулкан Попокатепетел

Мексиканскиот Национален центар за спречување на природни катастрофи „Cenapred“ информира за ерупција на најголемиот вулкан Попокатепетел.

Столбот од пепел што се кренал достигнал височина од три километри, јавуваат агенциите.

-Во 6:33 часот беше регистрирана експлозија со умерена содржина на пепел. Ѕидот од чад и пепел во воздухот достигна височина од три километра во правец кон североисток. Прогласено е жолто ниво на опасност или фаза два.

„Cenapred“ преку соопштение на Твитер препорача луѓето да не се доближуваат до вулканот. Властите забранија приближување до кратерот на вулканот на помалку од 12 километри.

„Жолтото ниво” за опасност не вклучува евакуација или прекин на активностите во реонот на вулканот.

Попокатепетел, чие име преведено од јазикот на Ацтеките значи „планина што чади”, се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.

Коронавирус