понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 134
home Вести

Ерменија се заканува со употреба на оружје со голем дострел во Нагорно Карабах

Ерменија се заканува со употреба на оружје со голем дострел во Нагорно Карабах

Ерменското Министерство за одбрана е принудено да употреби оружје со голем дострел во Нагорно Карабах, соопшти портпаролката на Министерството, Шушан Степањан.

– Министерството за одбрана предупредува дека вооружените сили на Ерменија се принудени да употребат огнено оружје и воена техника со голем дострел за уништување на луѓе, подвижни и неподвижни имоти и воена техника на голем простор, напиша Степањан на својот Фејсбук профил.

Според неа, причина за тоа е фактот што азербејџанската војска користи тешки ракетни лансери, артилерија со голем калибар и ракетни системи „Смерч“.

Степањан укажа дека тоа ја менува логиката и размерите на борбените дејствија, подигнувајќи ги на ново ниво. (МИА)

Коронавирус