сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ерменија ќе соработува со ОБСЕ за враќање на примирјето во Нагорно Карабах

Ерменија ќе соработува со ОБСЕ за враќање на примирјето во Нагорно Карабах

Ерменија е подготвена да работи со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за враќање на примирјето во Нагорно Карабах, каде се бори со Азербејџан од неделата.

– Подготвени сме да започнеме преговори за запирање на непријателствата во регионот, рече портпаролот на на МНР на Ерменија.

– Го поздравуваме апелот на претседателите на Русија, САД и Франција за прекин на огнот, додаде тој.

Претседателите на Русија, Франција и САД вчера повикаа на „итен прекин на борбените дејствија“ во Нагорно Карабах. Како лидери на копретседавачките земји на Групата од Минск, Владимир Путин, Емануел Макрон и Доналд Трамп ги повикаа властите на Ерменија и Азербејџан да продолжат со преговорите под покровителство на ОБСЕ.

„Ги повикуваме лидерите на Ерменија и Азербејџан да се ангажираат за продолжување на преговорите без одлагање, со добра волја и без предуслови, под покровителство на копретседавачите на групата од Минск при ОБСЕ“, се вели во заедничкото соопштение.

Портпаролот на ерменското Министерство ја потенцираше подготвеноста за соработка со „сите земји“ за изнаоѓање излез од кризата. – Во исто време, одлучно ќе се спротивставиме на азербејџанската агресија, рече портпаролот на ерменското Министерство за надворешни работи.

Со денови меѓународната заедница повикува на разговори за ставање крај на деценискиот конфликт меѓу двете поранешни советски републики.

Азербејџан, земја на турско говорно подрачје, чии жители се претежно шиити, бара да го врати под своја контрола Нагорно Карабах, претежно населено со христијанско ерменско население, чие отцепување во 1991 година не беше признаено од меѓународната заедница.

Групата од Минск (Минска Група) при ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година за да се најде мирно решение за конфликтот, но без резултат. Примирјето, сепак, беше договорено во 1994 година.

Коронавирус