вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Ердоган: Турција ќе произведува сопствени авиони

Ердоган: Турција ќе произведува сопствени авиони

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави вчера дека Турција планира да произведе сопствен борбен авион-ловец во следните 5 до 6 години.

Турција беше суспендирана од програмата за развој и набавка на најновиот американски авион Ф-35 затоа што Анкара од Русија го набави противвоздушниот ракетен систем С-400.

Ердоган претходно изјавуваше дека неговата земја ќе побара алтернатива доколку официјален Вашингтон продолжи да ја условува соработката околу Ф-35.

 

Коронавирус