вторник, 7. февруари 2023. Вести денес: 65
АКТУЕЛНО

Расте бројот на загинати во Турција и Сирија, спасувачите во трка со времето

home Вести

Ердоган: Турција е трета земја во светот која почна да развива вакцина против ковид-19

Ердоган: Турција е трета земја во светот која почна да развива вакцина против ковид-19

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска на свеченост на Научниот и технолошки совет изјави дека е постигнат голем напредок во развојот на вацина против новиот коронавирус и за лекови за вирусот.

Тој додаде дека тоа е постигнато во соработка со приватниот сектор и универзитетите.

– Турција стана трета земја во светот, по САД и Кина, која почна да развива вакцина. Тоа се податоци на Светска здравствена организација – посочи Ердоган.

Тој истакна дека во моментот се работи на развој на осум различни видови вакцина и десет медицински проекти. Ердоган потенцира дека е завршено тестирањето на два вида вакцина врз животни, а за една од нив е одобрено тестирање на луѓе.