понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Ердоган: Производството мора да продолжи и покрај коронавирусот

Ердоган: Производството мора да продолжи и покрај коронавирусот

Турција мора да продолжи со производството во текот на пандемијата од коронавирусот за да го задржи извозот и снабдувањето на клучните производи, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган додека бројот на заболени во државата надмина 10.000 лица.

Анкара воведе строги мерки за ограничување на социјалните контакти за да го спречи ширењето на вирусот, Првиот случај во Турција беше забележен пред три недели, а владата до денеска немаше издадено наредба граѓаните да останат дома, пренесе Хина.

Бројот на потврдени случаи вчера се зголеми до 10.827 објави министерот за здравство Фахретин Коца. Досега во земјата од заразата умреа 168 лица.

По седницата на владата Ердоган порача дека Турција мора да продолжи со проивзодството, па населението го повика доброволно да остане во карантин.

-Сега најчуствителното прашање е продолжување на производството за да се оддржи снабдувањето со клучните производи и извозот, истакна турскиот претседател.

„Турција е држава која мора да продолжи со производството затоа што тркалата се вратат под сите услови и околоности“, додаде Ердоган.

Турција под целосен карантин има ставено 41 кварт за да го спречи ширењето на заразата.

Анкара ги запре сите меѓународни летови, го ограничи патувањето внатре во земјата, ги затвори училиштата и угостителските објекти и ги запре верските служби и спортски настани.

Коронавирус