четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 111
home Вести

Ердоган планира предизборен митинг во Европа во мај

Ердоган планира предизборен митинг во Европа во мај

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека планира во мај да одржи предизборен митинг во Европа, но одби да каже за која земја станува збор.

– Во мај ќе одржиме прва средба во спортска сала во Европа, ако даде Господ. Сите подготовки се завршени. Засега не сакам да кажам во која држава ќе се одржи, изјави Ердоган пред своите сопартијци од Правда и развој (АКП).

Минатата година Ердоган се судри со европски функционери околу обидот на АКП да одржи собири во европските градови со турска дијаспора, во рамки на кампањата пред референдумот за проширување на претседателските овластувања.

Германија, Холандија и Австрија ги забранија собирите.

Минатата недела Ердоган закажа предвремени парламентарни и претседателски избори за 24 јуни, речиси 18 месеци пред планираното. Во земјата се уште е во сила вонредна состојба по обидот за преврат во јули 2016 година.

МИА

Коронавирус