понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Ердоган очекува САД да се откажат од одлуката за Ерусалим после гласањето во ОН

Ердоган очекува САД да се откажат од одлуката за Ерусалим после гласањето во ОН

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека очекува американската влада веднаш да ја укине својата „несреќна одлука” да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Ердоган напиша на Твитер дека ја поздравува „масовната поддршка” за Резолуцијата што беше изгласана денеска во Генералното собрание на ОН.

Генералното собрание на ОН денеска, на вонредна седница, со 128 гласови „за“, девет „против“ и 35 „воздржани“, усвои Резолуција со која се бара САД да го повлечат признавањето на Ерусалим како главен град на Израел. Македонија, како и повеќето европски држави, гласаше „за“ Резолуцијата.

Претходно американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, се закани дека САД „ќе го запамети денот кога биле нападнати во Генералното собрание на ОН само затоа што го оствариле своето право како суверена земја“, нагласувајќи дека никакво гласање во ОН нема да ја промени американската одлука за Ерусалим.

Таа, пред гласањето, им порача на сите 193 земји-членки во ОН, дека САД ќе се пресмета финансиски доколку Генералното собрание ја усвои резолуцијата со која одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел се прогласи како „неважечка“.

– Денешното гласање ќе влијае на начинот на кој Американците гледаат на ОН и на земјите кои не ги почитуваат САД и ОН, заклучи Хејли.

Коронавирус