петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 119
home Вести

Ердоган: Никакви закани со санкции нема да ја одвратат Турција од нејзината борба за правда

Ердоган: Никакви закани со санкции нема да ја одвратат Турција од нејзината борба за правда

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека никакви прикриени, ниту отворени закани со санкции, не можат да ја одвратат Турција од нејзината борба за вистината и легитимните интереси на нејзиниот народ, јави агенцијата Анадолија.

Во пораката на Ердоган по повод 96-годишнината од потпишувањето на Мировниот договор од Лозана, со кој Република Турција ги доби денешните граници, Ердоган истакнува дека истовремено се одбележува и јубилејната 100-та годишнина од почетокот на борбата за независност на земјата.

-Лозанскиот договор е документ за независност на Турција, што е извојувана со борбата против најсилните војски на светот. Токму како и пред 100 години, Турција и денес е способна и одлучна да ја брани својата независност, опстанок, мир и безбедност на своите граѓани, порача Ердоган.

Тој додаде дека Турција со последните потези и активности во Источен Медитеран и на северниот дел на Сирија јасно ја покажала својата определеност и одлучност во борбата за правата и интересите на својот народ и кипарските Турци.

-Никакви прикриени, ниту отворени закани со санкции, нема да ја одвратат Турција од нејзината борба за правда, порача Ердоган и оддаде чест на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, и на сите шехиди и борци за турска независност, информира Анадолија. (МИА)