вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган: Нема да и дозволиме на Сирија да добие територија

Ердоган: Нема да и дозволиме на Сирија да добие територија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека неговата земја нема да дозволи сириските сили да окупираат дополнителни територии во северната сириска провинција, последно упориште на бунтовниците, јавија турските медиуми.

Коментарите на Ердоган се откако сириските сили стигнаа до западниот влез на упориштето на бунтовниците „Саракеб“ во провинцијата Идлиб на северот, при што ОН најавуваат дека повеќе од половина милион луѓе ги напуштиле своите домови од 1 декември како резултат на офанзивата.

-Во овој момент Сирија се обидува да достигне до територија принудувајќи невини и сиромашни луѓе кон нашата граница, изјави Ердоган, објави приватната телевизија НТВ.

-Нема да и дадеме на Сирија можност да добие територија, истакна турскиот претседател.

Осуммина турски државјани загинаа вчера во гранатирања со сириските владини сили во Идлиб.

Коронавирус