петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 118
home Вести

Ердоган најави операција против Курдите во Сирија

Ердоган најави операција против Курдите во Сирија

Турската војска ќе спроведе операција источно од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, во зоната под контрола на курдските Сили за заштита на народот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој истакна дека за акцијата се веќе информирани САД и Русија.

– Влеговме во Африн, Јараблус и Ал Баб. Сега ќе влеземе источно од Еуфрат. Тоа им го најавивме на Русија и САД, нагласи Ердоган.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година најави дека американските сили ќе се повлечат од северниот дел на Сирија, САД и Турција склучија договор за создавање безбедносни зони во Сурија долж североисточната граница на таа земја со Турција, и според тој договор е предвидено во таа област повеќе да нема припадници на Силите за заштита на народот.

Курдските Сили за заштита на народот беа главен сојузник на САД на територијата на Сирија во текот на американските операции против Исламска држава, а Турција ги смета за терористичка организација.

МИА