сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган најави можност Света Софија да ја преименува во џамија

Ердоган најави можност Света Софија да ја преименува во џамија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул, која моментално е музеј, да ја преименува во џамија по локалните избори закажани за 31 март.

Ердоган во телевизиско интервју на прашање за музејот рече дека „Света Софија“ може да биде „преименувана во џамија“.

Византиската црква „Света Софија“ е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј.

„Аја Софија“ се наоѓа на списокот на светскoто културно наследство на Организацијата на Обединетите Нации за образование, култура и наука (УНЕСКО).

Грција претходно во неколку наврати изрази негодување за најавите за промена на статусот на „Света Софија“

Коронавирус