сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Ердоган и Рохани за соработката со Русија за решавање на војната во Сирија

Ердоган и Рохани за соработката со Русија за решавање на војната во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот ирански колега Хасан Рохани денеска се согласија да ја одржат соработката меѓу Турција, Иран и Русија за политичко решение за конфликтот во Сирија, соопшти неименуван извор од Кабинетот на шефот на турската држава.

Турскиот претседател во телефонски разговор со Рохани му порачал дека треба да се избегнуваат акции кои би придонеле за зголемување на тензиите во регионот, по воздушните напади што ги изведоа САД, Велика Британија и Франција врз Сирија во саботата.

Рохани и рускиот претседател Владимир Путин вчера во телефонски разговор се согласија дека нападот врз Сирија е „нелегална акција, која негативно влијае на напорите за политичко решение“ на сириската криза.

Путин оценил дека со нападите е прекршена Повелбата на ОН и оти доколку продолжат може да доведат до хаос на меѓународната сцена.

МИА

Коронавирус