петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

Ердоган го повика Бајден да посвети внимание на американско-турските односи

Ердоган го повика Бајден да посвети внимание на американско-турските односи

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да посвети должно внимание на турско-американските односи, јави агенцијата Анадолија.

– Веруваме дека новиот претседател на Америка, господин Бајден, исто така, ќе посвети должно внимание на турско-американските односи. Немаме предрасуди, непријателство или анимозитет кон никого“, порача Ердоган во обраќањето пред парламентарната група на Партијата за правда и развој (AK Parti).

– До денес, трчајќи се приближувавме до оние што правеа само еден чекор кон нас. Ние ја одржуваме истата искреност и оптимизам“, рече тој.

Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да работи за мир, правда и просперитет во регионот.

Турскиот претседател, исто така, рече дека Турција се надева дека ќе отвори ново поглавје во односите со ЕУ и САД во новата година.

– Ние не гледаме на нашите разновидни политички, економски и воени врски како алтернатива на нашите добро воспоставени односи со САД. Исто така, се надеваме дека ЕУ ќе се ослободи од своето стратешко слепило што ја оддалечува Турција [од Унијата]“, нагласи Ердоган.

На 14 декември, САД воведоа санкции за Турција поради нејзиното купување на рускиот систем за ракетна одбрана С-400.

Американските официјални лица се противеа на договорот, тврдејќи дека системите С-400 би биле некомпатибилни со системите на НАТО и би ги изложиле воените авиони Ф-35 на можна руска саботажа.

Турција нагласи дека системот С-400 нема да биде интегриран во НАТО-системите и не претставува закана за Алијансата или за нејзиното наоружување.

Турските власти повеќепати предлагаа создавање работна група за испитување на проблемот со техничката компатибилност на системите.

Коронавирус