среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Ердоган го постигна своето, Курдите се повлекоа на 32 километри од границата со Турција

Ердоган го постигна своето, Курдите се повлекоа на 32 километри од границата со Турција
epa04815521 Members of Kurdish People Defence Units (YPG) flash victory sign after coming from Syrian town of al-Raqqa, in Tel Abyad, Syria, 23 June 2015. Kurdish fighters backed by US-led airstrikes captured a strategic town from Islamic State on 23 June as they pushed towards the extremist group's Syrian heartland. The Kurdish People's Protection Units (YPG) and allied rebels took complete control of the town of Ain Issa, bringing them within 50 kilometres of Islamic State's de facto Syrian capital of al-Raqqa, the Syrian Observatory for Human Rights said. EPA/SEDAT SUNA

Курдите од Сириските демократски сили се повлекоа на 32 километри од границата со Турција, соопшти неименуван претставник на тие сили, пренесува Танјуг.

Претходно, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин изјави дека курдските сили почнале да се повлекуваат од подрачјето во близина на турската граница во Сирија.

– Со задоволство забележуваме дека договорот постигнат во Сочи се спроведува. Сè се спроведува, истакна Вершинин.

Москва веќе испрати одреден број воени полицајци во пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија врз основа на договорот постигнат во вторникот меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин.

 

Коронавирус