вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 55
home Вести

Ердоган ги поздрави ракетните напади врз Сирија

Ердоган ги поздрави ракетните напади врз Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги поздрави ракетните напади на САД, Франција и Британија врз Сирија.

– Сирискиот режим прими порака дека неговите злосторства нема да останат неодговорени. Недолжниот сириски народ одамна требаше да биде заштитен, изјави Ердоган при партиски состанок во Истанбул.

Ердоган веќе телефонски зборуваше со британската премиерка Тереза Меј, а најави разговор и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Русија го критикуваше ставот на Турција во врска со Сирија. Константин Косачев од Комисијата за надворешни работи на рускиот Федерален Совет изјави дека позицијата на Ердоган е грешка и е водена од турските претензии кон Сирија.

Во меѓувреме, од балканските држави и Хрватска и Албанија изразија поддршка за ракетниот напад врз Сирија. Хрватското Министерство за надворешни работи побара да се заштити сириското цивилно население и да му се обезбеди пристап до храна, како и да се формира независен механизам за утврдување на одговорноста за хемиските напади.

Албанскиот претседател Илир Мета рече дека „Албанија е на страната на своите сојузници и ја поддржува одлуката на претседателот Трамп да ги заштити човечките животи луѓето и човековите права“.

МИА

Коронавирус