недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Ердоган ги повика Русија и САД да се држат до ветувањата

Ердоган ги повика Русија и САД да се држат до ветувањата

Турскиот претседател денес ги повика Русија и САД да се држат до ветеното и да обезбедат курдските борци да се повлечат од пограничната област со Турција.

Реџеп Таип Ердоган тврди дека курдските борци и понатака се присутни во неколку области.

Претседателот на Турција рекол дека турските војници се мета на напади од поедини курдски борци во Сирија, порачувајќи дека Турција „нема да биде само набљудувач на тие напади.“

„АП“ напоменува дека Ердоган ова го изјави во време на долга заедничка патрола на турските и руските војници на североистокот од Сирија според договорот постигнат со Москва.

Ердоган рекол дека борците од Единицата за народна заштита и понатака се наоѓаат во Тел Рифат, Манбиџ и во Рас ал Аин.

Тој за новинарите изјавил дека ќе одлучи дали во Вашингтон овој месец ќе се сретне со Доналд Трамп, како што планирал, по телефонскиот разговор со американскиот колега, пренесува „Ројтерс“.

 

Коронавирус