среда, 30. септември 2020. Вести денес: 113
home Вести

Ердоган формално номиниран за преседателски кандидат

Ердоган формално номиниран за преседателски кандидат

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) денеска и формално го номинира претседателот Реџеп Таип Ердоган за претседателски кандидат на претстојните општи избори, што се планирани на 24 јуни.

Републиканската народна партија (ЦХП) вчера соопшти дека постигна договор со Добра партија, Исламистичката Саадет партија и Демократската партија заеднички настап на изборите.

Со тоа се овозможува и помалите опозициски партии да влезат во Парламентот, со оглед на тоа што се потребни најмалку 10 отсто од освоените гласови.

Турската прокурдска партија, чиј поранешен лидер и неколку пратеници се во затвор под обвинение за тероризам, не е дел од опозицискиот блок.

МИА

Коронавирус