среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 159
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Епидемијата со коронавирусот во Шангај ставена под контрола

Епидемијата со коронавирусот во Шангај ставена под контрола

Во поголемиот дел од Шангај е запрено ширењето на коронавирусот, а нешто помалку од еден милион луѓе сè уште се во карантин.

Градот постепено се отвора, соопштија денеска локалните власти, но економските податоци го покажуваат негативното влијание на кинеската стратегија „нулта ковид“.

Супермаркетите, трговските центри и рестораните денеска се отворени со ограничен бројот на луѓе и контакти, додека ограничувањата за движење остануваат во сила, а метрото е сè уште затворено.

Во градот со 25 милиони жители, многу жители без затворени во своите домови, имоти и населби повеќе од 50 дена, а датумот на целосно отворање е 1 јуни.

Кина денеска регистрира 1.159 нови случаи на заразени, од кои повеќето се во Шангај. Речиси сите случаи биле инфекции без симптоми.

Коронавирус