понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Енормно висока стапка на убиства во Мексико, 29 на 100.000 жители

Енормно висока стапка на убиства во Мексико, 29 на 100.000 жители

Стапката на убиства во Мексико останува на историски високо ниво со 29 убиства на 100.000 жители, покажуваат најновите податоците на Националниот институт за статистика.

Заради споредба, во САД во 2018 година, последната година за која се достапни податоци, имаше околу пет убиства на 100. 000 луѓе.

Во Мексико лани имало 36.476 убиства.

Се проценува дека до крајот на годината стапката на убиства ќе биде уште поголема, бидејќи во првите осум месеци од годинава во Мексико имало 24.116 убиства, што е зголемување за околу 1,5 процент во споредба со истиот период минатата година.

Коронавирус