четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

Емисиите на штетни гасови во светот во декември се зголемиле за два проценти

Емисиите на штетни гасови во светот во декември се зголемиле за два проценти

Во декември малку се зголемени емисиите на јаглерод диоксид во светот, во споредба со истиот период во 2019 година, што покажува дека наглиот пад на зголемувањето на штетните гасови поради пандемијата траеше кратко.

Бројките покажуваат дека штетните гасови од употребата на нафта, гас и јаглен во декември 2020 година се зголемени за два проценти во споредба со една година порано.

Париската меѓувладина агенција за климатски промени соопшти дека придвижувањето на индустријата значи дека многу земји се соочуваат со поголеми емисии на штетни гасови.

Научниците претходно пресметале дека емисиите на јаглерод диоксид се намалиле за седум проценти во текот на 2020 година, бидејќи луѓето претежно биле дома поради пандемијата.

Коронавирус