недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Емерсон Мнангагва и официјално е нов претседател на Зимбабве

Емерсон Мнангагва и официјално е нов претседател на Зимбабве

Емерсон Мнангагва победи на претседателските избори во Зимбабве, соопшти Изборната комисија на земјата, додека опозицијата ги оспорува резултатите тврдејќи дека изборите се наместени.

Мнангагва освои 50,8 отсто од гласовите, додека за опозицискиот кандидат Нелсон Чамиса гласале 44,3 проценти од избирачите.

Мнангагва вчера изјави дека разговарал со лидерот на опозицијата Чамиса во обид да се намалат тензиите до кои дојде по претседателските избори и судирот на војската и безбедносните сили со приврзаниците на опозицијата на улиците на Хараре.

Тој преку Твитер побара независна истрага за уличните насилства во кои загинаа неколку лица.

Претседателските избори се одржаа во неделата, а опозициските партии организираа протести незадоволни од резултатите. Во судирите беа убиени три лица, а полицијата синоќа соопшти дека бројот на загинати се зголемил на шест, повредени се 14 лица, а биле уапсени 16 луѓе. Учесниците на протестот беа растерани од страна на припадници на безбедносните сили со оклопни возила и воени хеликоптери.

МИА

Коронавирус