недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 91
home Вести

Емануел Макрон жали што демократијата „подмолно“ се повеќе се оспорува

Емануел Макрон жали што демократијата „подмолно“ се повеќе се оспорува

Во Стразбур, во хемисиклот на Европскиот парламент, со говорот на францускиот претседател Емануел Макрон и на претседателите на трите европски институции, започна јавната дебата за Конференцијата за иднината на Европа, поточно на Европската Унија, јави дописникот на МИА.

Со жалење за „амбиенталниот дефетизам“, Емануел Макрон ја бранеше ефективноста на европскиот одговор на кризата „Ковид-19“, истовремено повикувајќи ја ЕУ „да одлучува побрзо и посилно“ во иднина.

-Го слушам ова судење на Европа кое се прави секое утро, ваков амбиентален дефетизам што се состои во тоа дека Европа не е на рандеву, изјави францускиот претседател при говорот во хемисиклот на Европскиот парламент во Стразбур, на почетокот на на Конференцијата за иднината на Европа.

-Јас одговарам (на овие критичари) дека напротив, во оваа криза, европски модел е тој кој се наметнува себеси (…). Овој модел, нашиот длабок идентитет, е тој што не одржуваше напред и европската соработка спаси животи, додаде тој.

Емануел Макрон жали што демократијата „подмолно се повеќе се оспорува (…) во име на наводната ефикасност“ на авторитарните режими.

-Овој продуктивен, обединет, демократски модел е наш европски идентитет, (…) никогаш не смееме да дозволиме да ослабне, додаде шефот на државата, кој од почетокот на својот мандат честопати им се спротивставуваше на националистичките лидери.

-Соочен со авторитаризам, единствениот валиден одговор е авторитетот на демократијата, што може да се добие само со ефикасност и брзина“, инсистираше тој.

-Нашата европска демократија е демократија на компромис, рамнотежа, што е доблест што мора да ја заштитиме, но исто така е слабост кога се задушува во сопствените процедури. Ние мора да одлучуваме побрзо и посилно, особено да го зајакнеме суверенитетот на континентот во стратешките сектори како што е здравството,побара тој.

Повикувајќи на „враќање на големите проекти“ и „големи амбиции“, тој истакна дека Конференцијата за иднината на Европа е „досега невидена вежба“ за „разгледување на нашата иднина“ во следните 10 години.

-Од март 2022 година, кога ќе се утврди синтезата на дебатите, ние, политичките лидери (…), ќе мора да го земеме предвид тоа за да ја реформираме Европа, инсистираше тој додека ја презеде обврската во име на Французите Претседателство со Европскиот совет во првата половина на 2022 година“.

Националната верзија на оваа иницијатива е планирана со организацијата во септември на „граѓански консултации“ на Французи, извлечени со ждрепка во 18-те региони на метрополата и прекуокеанските земји.

На крајот на денот, Емануел Макрон во префектурата Долна Рајна ќе потпише, тригодишен договор за поддршка на европската димензија на Стразбур. Тој рече дека ја добил определбата од претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли дека парламентарните седници ќе продолжат „што е можно побрзо“ во Стразбур, каде што не се одржуваат од февруари 2020 година, поради здравствената криза. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија