среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ЕМА ја препорача вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години

ЕМА ја препорача вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри денес употреба на вакцина против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години, што би ја направило оваа вакцина втора препорачана за употреба од адолесценти.

Употребата на вакцината Спајквакс на „Модерна“ ќе биде иста како кај адолсцентите од 18 до 25 години, пренесува Ројтерс.

Како што се вели, вакцинацијата на деца се смета за многу важна за постигнување на колективен имунитет.

Компанијата „Модерна“ уште во месец мај соопшти дека нејзината вакцина е ефикасна и за тинејџери.

Коронавирус