сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 28
home Вести

ЕМА ја одобри вакцината Модерна за третата доза

ЕМА ја одобри вакцината Модерна за третата доза
A medical syringe and a vial in front of the Moderna logo are seen in this creative illustrative photo. More than one hundred fifty COVID-19 coronavirus vaccine are in development across the world, several of which have the third phase of clinical trials, as media reported. (Photo illustration by STR/NurPhoto via Getty Images)

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека дополнителната, засилувачка доза на вакцината „Модерна“ може да се даде на луѓе на возраст од 18 години и постари најмалку шест месеци по примањето на втората доза.

Тоа е втора вакцина што е одобрена за трета доза во ЕУ.

„Третата доза на ’Спикевакс’ беше примена шест до осум месеци откако втората доведе до зголемување на нивото на антитела кај возрасните чии антитела се намалуваа“, објави европскиот медицински регулатор.
ЕМА претходно одобри трета доза на „Фајзер/Бионтек“ во октомври и препорача вакцинација со трета доза вакцини од „Фајзер/Бионтек“ или „Модерна“ за луѓе со ослабен имунолошки систем.

Земјите-членки на ЕУ одлучуваат дали општата популација треба да ја прими третата доза.

Неколку земји започнаа свои кампањи, пред ЕМА да ги објави препораките.

Државите презедоа различни пристапи за тоа кој треба да ја прими третата доза. ЕМА додаде дека го следи ризикот од срцеви заболувања и други многу ретки несакани ефекти по добивањето засилена доза.

Американските власти одобрија дополнителни дози на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

Коронавирус