среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 163
home Вести

Елон Маск со груби зборови до спасувач на децата од паштерата во Тајланд

Елон Маск со груби зборови до спасувач на децата од паштерата во Тајланд

Основачот на компанијата „Спејс Икс“ одговори гневно на критиките што стигнаа на негова адреса од британскиот нуркач Верн Вонсорт, еден од спасувачите на децата што беа заглавен повеќе од две недели во пештера во северен Тајланд.

Како што објави „Холивуд репортер“, во текот на подготовките за извлекување на децата од пештерата, Вонсорт на својот профил на Твитер го критикуваше планот на Маск за спасување на момчињата со помош на мини-подморница нарекувајќи го „Пи-Ар трик“ и му порача на милијардерот „да си ја стави својата подморница таму каде што боли“.

Во одговор до нуркачот, Маск напиша дека ниту еднаш не го видел „овој британски бегалец“ на местото на настанот и му порача да покаже видео од спасувањето на учениците.

– Знаеш, не се мачи да покажуваш видео. Ние ќе направиме една кога мини-подморницата ќе го помине целиот пат во пештерата. Извини, педофил, сам си го бараше, напиша Маск.

Тој не објасни што сакал да каже со објавата и подоцна го избриша својот твит.

Минатата недела Маск лично ја достави мини-подморницата за евакуација на момчињата и тренерот од пештерата, но спасувачите на сакаа да ја употребат.

Од 8 до 10 јули нуркачите успееја да ги спасат 12-те момчиња и нивниот тренер од пештерата.

МИА

Коронавирус