сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 97
home Вести

Елизабет Ворен се повлекува од трката за претседателски кандидат

Елизабет Ворен се повлекува од трката за претседателски кандидат

Елизабет Ворен се откажува од трката за демократски кандидат на претседателските избори во САД по нејзиното лошо претставување во неколку американски сојузни држави оваа недела.

Седумдесет годишната сенаторка од Масачусетс ќе разговара денеска со својот тим во кампањата, објавија американските медиуми.

Ворен имаше предност во неколку национални анкети на јавното мислење минатото лето, но не успеа да изгради широка коалиција што ќе ја доведе до успех во „супер вторникот“ на 3 март, завршувајќи зад своите колеги Берни Сандерс и умерениот Џо Бајден во 14 држави.

Коронавирус