среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Електронските цигари се опасни, внимавајте: Тинејџер го загуби животот поради нив

Електронските цигари се опасни, внимавајте: Тинејџер го загуби животот поради нив

18-годишен тинејџер е првата жртва на електронските цигари во Белгија.

Според тамошните медиуми, момчето електронската цигара ја добило како роденденски подарок од пријателите. Набрзо откако почнал да ја користи изгубил свест и речи 20 дена бил во кома, по што починал.

Лекарите и истражните органи  сметаат дека причината за смртта е тешко оштетување на белите дробови предизвикани од електронската цигара.

Родителите на момчето кажаа дека 18-годишниот немал претходни здравствени проблеми и дека редовно се занимавал со спорт.