петок, 20. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ел Салвадор да се откаже од биткоинот како законско средство за плаќање, повика ММФ

Ел Салвадор да се откаже од биткоинот како законско средство за плаќање, повика ММФ

Неизвесно е дали биткоинот и натаму ќе има широка примена во Ел Салвадор.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја повика оваа држава да ја поништи својата одлука биткоинот да биде законско средство за плаќање, пишува Блумберг.

ММФ го предупреди претседателот Наиб Букеле за ризиците што ги носи криптовалутата за земјата. Им соопштија дека ќе биде тешко да се добие заем од ММФ.

Ел Салвадор во септември стана првата држава која им дозволи на потрошувачите да користат криптовалути во сите трансакции, вклучувајќи го и американскиот долар.

Кога Ел Салвадор ја воведе виртуелната валута како законско средство за плаќање, владата лансираше нова апликација за дигитален паричник, делејќи по 30 долари во биткоин на секој граѓанин. Поставени се над 200 нови банкомати низ земјата.

Биткоинот изгуби околу половина од својата вредност од ноември досега.

Оваа криптовалута денеска се тргува за околу 38.000 долари.

Жителите на Ел Салвадор протестираа против воведувањето на биткоинот како средство за плаќање.

Коронавирус