среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 144
home Вести

Ел Чапо изнесе запрепастувачко барање за неговиот тестамент кој му се допадна на мексиканскиот претседател

Ел Чапо изнесе запрепастувачко барање за неговиот тестамент кој му се допадна на мексиканскиот претседател

САД ќе го пронајде богатството на Ел Чапо кое се проценува на 12 милијарди долари и нема да ја исполни последната желба на мексиканскиот нарко-бос, тврди експерт.

Поротата во февруари го прогласила за виновен за трговија со тони кокаин, хероин и марихуана додека бил шеф на мексиканскиот картел.

Претходно овој месец, Чапо напишал писмо до претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор и побарал неговиот плен да се даде на автономните заедници на земјата кога тој ќе умре.

Барањето е поднесено за време на разговорт меѓу Ел Чапо и неговата мајка, сестра и ќерките во август.

Данлан Вуд, директорот на Мексиканскиот институт Вилсон Центар, верува дека тоа е залуден гест.

„Многу од богатството на лидерот на организираниот криминал во Мексико се така добро скриени што е мноу тешко да се најде. Не го кријат само компаниите и поединиц на групата, туку богатството е раширено ширум светот“.

„Дека Ел Чапо открил каде се наоѓа неговото богатство, не мислам дека тој ќе одбере кому ќе го даде“.

„Мислам дека би било важно владата на САД да го одземе имотот и дека го искористи за отстранување на штетите во САД. Ми се допаѓа намерата. Не знам дали е тоа вистина. Не можам да проверам. Ако е така како што се појавило во медиумите, адвокатот вели дека Гузман сака неговото богатство да се додели на автономните заедници во Мексико, мислам дека е добро“.

Меѓутоа, Вуд верува дека ќе помине многу време пред Чапо да го подари својот имот.

„Ова е човек кој се гордее со својот имот, со она што о постигнал. Мислам дека исто така е посветен на жената и децата, па сака да се увери дека тие ќе се згрижени“, вели Вуд.

Локални избори 2021