петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Екстрадиција на поранешниот претседател на Панама

Екстрадиција на поранешниот претседател на Панама

Поранешниот претседател на Панама Рикардо Мартинели (66), денеска ќе биде екстрадиран од САД, каде што беше во притвор во врска со случајот со незаконско прислушкување.

Претседателот на Панама Хуан Карлос Верла изјави дека американскиот Стејт департмент ја одобрил екстрадицијата на неговиот претходник.

Мартинели беше уапсен минатата година во САД откако Панама побара неговата екстрадиција под обвинение за користење на јавни средства за шпионирање на повеќе од 150 политички противници за време на неговиот мандат од 2009-2014 година.

Во јуни 2017 година, тој беше уапсен недалеку од Мајами, каде што живеел откако ја напушти Панама во 2015 година.

МИА

Коронавирус