сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 7
home Вести

Експлозија во фабрика за оружје во Романија, една жена загина

Експлозија во фабрика за оружје во Романија, една жена загина

Една жена загина во експлозија во фабрика за оружје во западниот дел на Романија. По експлозијата, која експлодирала во тунелот каде се тестирало оружјето, избувнал и пожар во фабриката во Куџир.

Во тунелот имало 19 лица и сите успеале да се спасат, освен 50-годишната жена, која, наводно, се вратила за да си ја земе чантата.

Портпаролот на службите за вонредни ситуации Тристан Фогараси изјави дека пожарникарите за два часа го угасиле пожарот.

Во оваа државна фабрика, во која се вработени 1.000 лица, се произведуваат многу модели на пиштоли и друго оружје.

МИА