понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 133
home Вести

Експлозија на три бомби: Убиени 12 луѓе во Авганистан

Експлозија на три бомби: Убиени 12 луѓе во Авганистан

Најмалку 12 луѓе загинаа денеска при експлозија на три бомби во авганистанскиот главен град Кабул, од кои една е активирана во автобус со кој се превезувале владини службеници.

Петмина вработени во Министерството за рударство и нафта се убиени, а 10 се повредени во нападот на автобусот, соопштија локалните власти, додавајќи дека уште седум лица загинале и над 20 се повредени во друга експлозија.

-Прво магнетна бомба, подметната под минибус, експлодирала, потоа бомбаш-самоубиец се разнесе во близина на местото на нападот на возилото, а третата се случила кога непознати лица активирале бомба во автомобил, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Кабул, Насрат Рахими, нагласувајќи дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.

Засега ниту една група нема преземено одговорност за нападите, кои се случуваат во момент кога генералот Јосеф Дунфорд, началник на Здружениот штаб на американската војска, се сретнал со американски и претставници на НАТО во Кабул.

Коронавирус