понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 10
home Вести

Експлозија на најголемата пловна фабрика во Русија, една жртва

Експлозија на најголемата пловна фабрика во Русија, една жртва

Едно лице загина и едно е повредено при експлозија на плинска боца во најголемата пловна фабрика во Русија „Всеволод Сибирцев“, изјави генералниот директор на компанијата „Доброфлот“ Александер Ефремов.

-Еден маж, заварувач, почина. Уште една жена е повредена и пренесена в болница, истакна Ефремов.

Бродот „Всеволод Сибирцев“ е една од двете најголеми пловни фабрики во светот. Пловилото е долго 179 метри и има носивост од 26.000 тони. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија