сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Разнесени делови од куќи, оџаци летаа во воздухот – две лица во критична состојба (ВИДЕО)

ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Разнесени делови од куќи, оџаци летаа во воздухот – две лица во критична состојба (ВИДЕО)

Седум лица се повредени денеска во експлозија на гас во Кент, а беа оштетени и неколку куќи, соопшти службата за итни случаи.

Две лица се во критична состојба, пренесува Гардијан.

Очевидци изјавија дека почувствувале како им се тресат куќите во вторникот наутро, бидејќи експлозијата уништила поголем дел од куќата во Вилсборо, во близина на градот Ешфорд, и додале дека дури и оџаци летале во воздухот.

Спасувачите ги извлекле затрупаните од урнатините – две лица биле пренесени во Лондон поради тешки повреди, додека петмина биле пренесени во болница во Ешфорд, со повреди за кои се верува дека се помалку опасни.

Студентот по новинарство Шантал Велер (20), кој живее во близина, им изјави на новинарите дека последиците биле страшни по експлозијата и дека луѓето биле во паника.

Таа исто така почувствува како и се тресе куќата околу 8 часот наутро по локално време, како да „нешто удрило во надворешниот ѕид“.

Коронавирус