сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Експлозии во Бејрут го потресоа светот: Потресни сцени од страшните моменти (ВИДЕО)

Експлозии во Бејрут го потресоа светот: Потресни сцени од страшните моменти (ВИДЕО)

Неколку експлозии одекнале во Бејрут, а на социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа страшниот момент.

Либанскиот министер за здравство веднаш се огласи и ги повика сите болници во престолнината да бидат подготвени за примање на повредените.

Како што пренесува Би-Би-Си, првата експлозија се случила во близина на крајбрежјето, а потоа следувала уште една, масивна експлозија која практично го потресе целиот град.

Моќната експлозија предизвика голема паника помеѓу населението.

Во радиус од километар се искршени прозорците на околните објекти, а темен чад го обви местото на експлозијата. Неколку згради се целосно срушени и се верува дека има и голем број на граѓани кои се затрупани под рушевините.

Коронавирус