сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Експлозии регистрирани во главниот град на Украина, очевидци тврдат дека имало ракетни напади

Експлозии регистрирани во главниот град на Украина, очевидци тврдат дека имало ракетни напади

Неколку експлозии се регистрирани денеска наутро во украинскиот главен град Киев, по што итните служби биле распоредени во градската област Шевченко, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

Антон Херашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, напиша дека сведоци пријавиле ракетни напади. Засега нема информации за загинати или повредени.

Новите напади доаѓаат еден ден по ракетниот напад врз западниот украински град Сарни, во кој според властите загинаа најмалку три лица.  (МИА)

Коронавирус