петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Експлодира ракета во близина на нуклеарен реактор во Израел

Експлодира ракета во близина на нуклеарен реактор во Израел

Утрово, покрај нуклеарен реактор на југот на Израел експлодира сириска ракета земја-воздух, објавија израелските воени извори.

Поради инцидентот се огласија сирените за тревога во подрачјето околу реакторот „Димоне“, јави Ројтерс.

Засега нема извештаи за штети или повредени лица.

Израелците веднаш вратија

Израелската војска објави дека вратила со напад на ракетна инсталација во Сирија, вклучително и онаа од каде е испалена ракетата која падна на израелска територија.

Сириската новинска агенција објави дека тамошната противвоздушна одбрана го пресретнала израелскиот напад насочен кон подрачје недалеку од градот Дамаск, каде се сместени проиранските милицајци.

„Нашата противвоздушна одбрана ги пресретна израелските ракети и сруши повеќето од нив“, објави сириската агенција.

Во израелскиот противнапад повредени се четворица сириски војници, а настанала и материјална штета.

Од Сирија гаѓале израелски авиони и промашиле

Ракетата која паднала покрај нуклеарниот реактор во израел била од типот SA-5. Се работи за пториввоздушна ракета која е испалена на израелски авиони. Ја промашила својата цел и експлодирала на околу 30 км од реакторот „Димоне“.

Израелските медиуми веќе со недели најавуваат дека војската ја зајакнува противвоздушната одбрана околу рекаторот „Димоне“ во очекување на напад со далекуметни проектили или со дронови.

Коронавирус