четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 153
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Експерти откриваат колку време ќе трае ширењето на коронавирусот

Експерти откриваат колку време ќе трае ширењето на коронавирусот

Ширењето на коронавирусот ќе трае уште 18 до 24 месеци, се додека не се зарази 60 до 70 проценти од светската популација, велат експертите за инфективни болести во извештај во кој имале увид од Си-Ен-Ен.

Експертите препорачуваат САД да се подготват за најлошото сценарио кое вклучува втор бран пандемија наесен или во зимата оваа година, со предупредување дека вируленцијата нема да падне значително, и декалуѓе ќе ги губат животите од Ковид-19.

„Овој вирус нема да запре се додека не се зарази 60 до 70 отсто од населението“, предвидува Мајк Остерхолм, шеф на Центарот за истражување на заразни болести на Универзитетот во Минесота.

Ковид-19 е нов вирус и никој не развил имунитет, па пандемијата ќе трае до две години се додека не се развие колективен имунитет кај луѓето низ целиот свет, тврдат американски експерти.

Коронавирус