недела, 19. септември 2021. Вести денес: 34
home Вести

Експериментален концерт за враќање на „нормалниот живот“: Присуствувале 5.000 лица од 18 до 49 години

Експериментален концерт за враќање на „нормалниот живот“: Присуствувале 5.000 лица од 18 до 49 години

Во главниот град на Франција се одржа пробен концерт на групата Индокин, со цел властите да ја проверат можноста за враќање на „нормалниот живот“, поради подобрувањето на епидемиолошката состојба со коронавирусот.

На концертот присуствувале околу 5.000 посетители кои морале да носат маски и да покажат потврда за негативен резултат на тест на коронавирусот, но не биле обврзани да го почитуваат физичкото растојание.

Музичкиот настан започнал во 17 часот и завршил во 21 часот, кога во Франција почнува полицискиот час.

На концертот можеле да присуствуваат лица на возраст од 18 до 49 години, кои претходно немале здравствени проблеми.

На сличен експеримент во Барселона кон крајот на минатиот месец немало навестувања за високо ниво на инфекција меѓу посетителите на концертот.

Коронавирус