среда, 23. септември 2020. Вести денес: 138
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Ексминистер на Малдиви добил два милиони долари за признавање на Косово?

Ексминистер на Малдиви добил два милиони долари за признавање на Косово?

Поранешниот министер за надворешни работи на Малдиви, Ахмед Шахид обвинет е дека примил два милиони долари за признавање на независноста на Косово, објавија приштински медиуми.

Малдиви го призна Косово во 2009 година.

Медиуми на Малдиви јавија дека е покрената иницијатива со која се повикува Парламентот за истрага до решавање на прашањето. Предлогот го поднесе пратеникот на Малдиви, Мохамед Нашид.

Во предлогот поднесен до Парламентот се нагласува и изјава на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли со која признава дека трошел пари за лобирање за да се зголеми бројот на држави што го признале Косово.

Косовското МНР ги смета таквите извештаи за внатрешно прашање на таа држава.

– Ние не ги коментираме внатрешните политички случувања на другите земји. Судирите на тамошните политички сили се нивна работа – рече Јетљир Зиберај, советник на в.д. министерот за надворешни работи, Беџет Пацоли.

Тој додаде дека тие обвинувања се поврзани со односите во политичката сцена на Малдиви и дека Косово има добри односи со земјата.

Коронавирус