среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 35
home Вести

Еколошки протест во Лондон

Еколошки протест во Лондон

Борци за заштита на животната средина денеска кусо време го блокираа мостот Ватерло во Лондон во обид да го „стопираат“ градот.

Групата се обидува да блокира пет локации во централен Лондон со цел да ја натера британската Влада да прогласи климатска криза.

Групата очекува на пет локации во Лондон да се појават илјадници демонстранти.

Групата „Екстинкшен ребелион“ го свртеа вниманието на себе пред две недели кога нејзини членови се соблекоа по долна облека во галеријата на Парламентот за време на дебатата за Брегзит.