четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ЕК: Земјите да ги променат добавувачите за 5 Г

ЕК: Земјите да ги променат добавувачите за 5 Г

Земјите челенки на ЕУ треба да преземат итни активности за промена на снабдувачите на опрема за 5G мрежи, соопшти денеска Европската комисија.

Според Ројтерс, ваквиот заклучок на Комисијата е чекор кон намалување на присуството на кинескиот Huawei во Европа, откако Соединетите Американски држави вршат притисок врз блокот од 27 члена да го следат примерот на Велика Британија и да ја забранат опремата на кинеската компанија во европските 5G мрежи.

Европската унија се согласи во ноември минатата година да ги заостри критериумите за снабдувачите на 5G опрема, со цел да се намалат ризиците за компјутерска безбедност за мобилните мрежи од следната генерација, кои се сметаат клучни за стимулирање на економскиот раст и конкурентност, потсетува британската агенција.

Стратегијата вклучува намалување на зависноста на земјите од ЕУ и телекомуникациските оператори од еден снабдувач, а Huawei, светски број 1 производител на телекомуникациска опрема, има конкуренти во лицето на финската компанија Nokia и шведската Ericsson.

Иако е постигнат одреден напредок, останува многу да се направи на патот, рече комисијата, истакнувајќи дека „потребен е итен напредок за да се намали зависноста од добавувачите со висок ризик, „со цел да се намали зависноста во целата Унија“.

Документот додава дека е идентификуван проблем и на ниво на индивидуални оператори на мобилни мрежи и на национално ниво, при креирање соодветни стратегии за зголемување на бројот на добавувачи, при што некои проблеми се недостаток на интероперабилност или големината на земјата.

Официјалните претставници на ЕУ велат дека исфрлањето на добавувачите со висок ризик и зголемувањето на трошоците нема да го нарушат распоредувањето на 5G мрежата низ блокот и дека Nokia и Ericsson ќе можат да ги исполнат нивоата на побарувачка.

„Ако ја погледнете глобалната состојба, Nokia и Ericsson имаат голем дел од светскиот пазар во однос на потпишаните договори за 5G мрежите ширум светот. Заедно тие држат до 60-65 проценти. Мислам дека двајца европски добавувачи можат да ги задоволат потребите не само на Европа, туку и на голем дел од светот“, рече еден од официјалните претставници на ЕК.

Комисијата, исто така, ги повика 13 земји од ЕУ да усвојат механизам за проверка на странските директни инвестиции без одлагање, како алатка што им овозможува на владите да интервенираат во случаи на странски директни инвестиции во стратешки средства, особено од државни или компании кои ги финансира државата.

Коронавирус