петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

ЕК: Затворените граници не можат да го запрат коронавирусот

ЕК: Затворените граници не можат да го запрат коронавирусот

Првиот бран од пандемијата на коронавирусот покажа дека затворањето на границите не го запре вирусот, туку донесе многу проблеми, изјави денеска на прес конференција во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Се сеќавате дека минатата пролет, кога пандемијата штотуку почнуваше, беа воведени многу ограничувања на границите. Тогаш сфативме дека затворањето на границите не го спречи вирусот, туку го наруши единствениот пазар и доведе до многу проблеми. Вирусот не научи дека затворањето на границите не го спречува, туку станавме сведоци на многу прекршувања, рече таа.

Европската комисија, додаде Фон дер Лајен, презема активности за да ги спречи зголемените случиа на измами со вакцините против Ковид-19 и за изведување на одговорните пред лицето на правдата.

Во ваква криза, секогаш ќе има луѓе што се обидуваат да ги искористат проблемите на другите, но ЕУ се бори против овој тренд. Канцеларијата за борба против измами на ОЛАФ истражува и ги советува земјите-членки на ЕУ за идентификација на измите, изјави претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен на средбата со новинарите предупреди дека е крајно ризично да се купуваат вакцини од трговци на црниот пазар, бидејќи нема гаранција дека е исполнет условот за ладење на вакцината во веригата од почетната точка до пациентот.

Коронавирус