четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 126
home Вести

ЕК склучи договор за набавка на лекови против Ковид

ЕК склучи договор за набавка на лекови против Ковид

Европската комисија денеска соопшти дека склучила договор за набавка на лек против Ковид, произведен од Глаксо Смит Клин (ГСК).

Во соопштението на ЕК се вели дека препаратот (сотровимаб / VIR-7831) сè уште не е одобрен од Европската Агенција за лекови (ЕМА) и се додава дека употребата на лекот ќе биде можна по одобрување од Агенцијата или здравствените власти на земјата што ќе одлучи да го користи.

Лекот е наменет за спречување на тешки случаи на Ковид-19, но нема да им се дава на пациенти на кои им е потребен дополнителен кислород. Лекот е развиен врз основа на вештачки антитела кои ја помагаат работата на имунолошкиот систем.

Шеснаесет земји на ЕУ се приклучија на јавната нарачка за набавка на 220.000 дози за лекување. Комисијата не прецизира кои се овие земји, но забележува дека досега обезбедила 12 милијарди евра за борба против Ковид-19.

Коронавирус