недела, 9. мај 2021. Вести денес: 55
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Вести

ЕК сака да воведе европски стандард за заштита на новинарите

ЕК сака да воведе европски стандард за заштита на новинарите

Европската комисија преку патоказ до 20 мај собира придонеси од релевантни чинители за подготовка на нова препорака за заштита на новинарите како физички така и на интернет, јави дописничката на МИА од Брисел.

Потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, иницијатор на проектот за поголема безбедност на новинарите во ЕУ, нагласи дека неодамнешното убиство на грчкиот новинар Јоргос Каравајз е потсетник дека мора да се засилат напорите за заштита на новинарите во ЕУ.

-Работиме сега на подготовка на препораки до земјите членки и бараме за возврат информации за мерки како можни директни линии, обука и сензибилизација на полицијата и на судството, изјави Јурова.

За еврокомесарот Тиери Бретон, новинарите мора да уживаат највисоки можни стандарди која е во прашање нивната заштита и дека целта е да се изготви европски стандард за безбедност на новинарите.

Европската Комисија веќе одржи дијалог со претставници на засегнатите области, а препораката треба да биде готова до крајот на оваа година.

Коронавирус